Ден

Пронајдени пет мигранти во товарно возило

На локалниот пат од село Банско за село Робово, на влезот во струмичкото село Робово, вчера околу 07:45 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Ново Село“ во товарно возило „ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, пронашле пет лица мигранти, од кои две од Авганистан и три од Пакистан.

Од МВР денеска информираа дека возачот на товарното возило Д.Д.(62) од Скопје бил лишен од слобода и заедно со мигрантите биле спроведени во СВР Струмица.

Против Д.Д. е поднесена кривична пријава до ОЈО, а по наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци Гази Баба Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира:

Тепачка во угостителски објект во Сарај

Кичевчанка си нашла неексплодирана мина во подрум

Четириесет и шест кривични пријави за лица кои не го почитувале полицискиот час

Александар Тодески
×

Следете не