Connect with us

Истражувања

Пустош во Малешевијата: Организирана група со години се богати со нелегална сеча на дрва

Двориште е едно од најубавите села во Малешевијата. Се наоѓа на надморска височина од 940 метри, со голем атар и шумска површина од речиси 4.530 хектари, на само 20 километри од Берово. Но, зад оваа навидум недопрена убавина се крие мрачната слика на криминал за кој инволвираните се богатат со илјадници евра буквално преку ноќ, дознава „Ден“.

Во единственото село од разбиен тип во Малешевијата се случува опустошување на шумата, со масовна сеча на дврата, а која во најголема мера е нелегална и противзаконска. Изворите на „Ден“ говорат дека се работи за добро организирана група, која со години го смалува бројот на дрва во Малешевијата, а за тоа никој не презема ништо, бидејќи оној кој се обидува, наидува на опструкции.

Во шемата се вмешани еден „селски шериф“, за кој граѓаните велат дека го окупирал Двориште, неколку шумари и најверојатно високи полициски службеници кои функционираат на овој начин низ годините. Опустошувањето, како што дознава „Ден“, оди до таму да за еден до два дена се сечат и до 300 кубни метри дрва, од државно и приватни земјишта. Недалеку од селото, се носат дрвата кај подобни шумари, кои ставаат печат на најголемиот дел од дрвата, со што потоа истите се презентираат како легални. Потоа поголем дел од нив одат на продажба како легално исечени дрва.

Добар дел од дрвата пак, остануваат во селото, каде според нашите информации, има дробилица во која може да се преработат до 100 кубни метри дрва, а потоа, се изработуваат и пелети и брикети.

Продолжува…

Александар Тодески

loading...
Continue Reading
2 Comments

2 Comments

  1. Pingback: Малешевијата се пустоши пред очите на припадници на шумската и граничната полиција? - Ден

  2. Pingback: Сторијата на Ден за дрвокрадците во Малешевијата, дел од извештајот на Евротинк - Ден

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement