Путин: Русија е светски лидер во развојот на вакцини против коронавирусот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на седницата на Советот за наука и образование посочи дека Русија е светски лидер во развојот на вакцини против коронавирусот, пишува ТАСС.

Тој во својот говор истакна дека Русија е единствената земја во светот што има развиено три вакцини против коронавирус, што како шо нагласи, претставува големо научно достигнување.

„Фактот дека Русија може да започне со производство на вакцини и да започне масовна вакцинација беше уште поважен. Благодарение на заедничките напори на научниците, домашните компании и државата, граѓаните на нашата земја, но и на другите земји можат да го искористат ова најголемо научно достигнување“, рече Путин.

Рускиот претседател вели дека пандемијата го забрзала воведувањето на најсовремени технологии и смета дека полето на науката и технологијата во Русија на тој начин треба да одговори на предизвиците од тоа време.

„Образованието, науката и технолошкиот суверенитет сега станаа не само важни, туку значително клучни клучни фактори за националната безбедност и квалитетот на животот. Кога станува збор за успехот на Русија, не кажав ништо неочекувано и ново“, вели тој.

Во Русија, три вакцини во моментов ја минуваат третата фаза на тестирање – од Институтот Гамалеја, новосибирскиот институт Вектор и Институтот Чумаков. Првите две вакцини активно се користат во масовната вакцинација во земјата.

loading...

Останати вести

Поврат на ДДВ кон фирмите од 397,4 милиони евра во 2020 година

admin

Македонија, Србија и Албанија го „отворија“ Балканот, Косово кажа „не“

admin

Милевски: Св. Еразмо станува современ центар за физикална терапија, обезбедивме средства за реновирање и нова опрема

admin