Ден

Ракитиќ: Ако Ла Лига не продолжи, Барселона треба да биде прогласена за шампион

Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ смета дека Каталонците треба да бидат прогласени за шампиони доколку сезоната во Шпанија не може да продолжи заради епидемијата од КОВИД-19.

„Сите ние сакаме да играме повторно и да го освоиме првенството играјќи. Сепак, јас сум свесен дека ако тоа не може да се случи, сезоната ќе мора да прекине. Ако ние сме први кога ќе дојде овој крај, тогаш мора да бидеме шампиони, но сите рокови мора да истечат. Во идеално сценарио оваа сезона завршува некогаш, но тоа мора да биде во согласност со планот за следната сезона“, вели Ракитиќ.

Можеби ќе ве интересира:

Таткото на Ноле: Димитров е виновен за заразата

Надал: Не сакам да гледам натпревари без навивачи, ништо не може да ја замени нивната енергија

Арсенал во преговори со Обамејанг за да го задржи до 2023 година

×

Следете не