Рашковски во куќен притвор, обвинителството ќе се жали на одлуката

Екс генералниот секретар на владата, Драги Рашковски заминува во куќен притвор, иако обвинителството за него побара мерка ефективен притвор. Куќен притвор доби и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп“ која го доби тендерот за софтверот

Судот својата одлука ја правда со тоа што Обвинителот не приложил докази за поткрепа на основите за сомнение поради кои се бара притвор.

Обвинителката која го застапува предметот пак, Ивана Трајчева, изјави дека ќе поднесе жалба на одлуката на Кривичниот суд да му биде одреден куќен притвор, а не ефективен притвор, како што бараше Обвинителството, додавајќи дека дале доволно докази за судот да го испрати Рашковски во Шутка.

„Обвинителството приложи доволно докази за да ги докаже околностите поради кои бара да биде одреден притвор. Со мерката куќен притвор сметаме дека и понатаму ќе постои опасност од влијание на сведоците и останатите материјални докази кои треба да бидат прибавувани“, изјави Трајчева.

loading...

Останати вести

„Успешната акција“ го заборави барањето на „кртот“ во системот

admin

И скопските општини ќе го финансираат ЈП Лајка

admin

Лидерска средба во наредните две недели

admin