Ден

Роналдо со гол од пенал во последната минута го спаси Јуве од пораз на Сан Сиро (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан и Јувентус одиграа нерешено 1-1 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија.

На Сан Сиро, „росонерите“ поведоа со погодокот на Анте Ребиќ во 61. минута, а Кристијано Роналдо се погрижи Милан да не оди со предност пред реваншот во Торино.

Роналдо прецизно го изведе пеналот во 91. минута, откако судијата по прегледување на ВАР покажа на белата точка заради играње со рака на Калабрија.

Реваншот се игра во Торино на 4 март.

 

 

Можеби ќе ве интересира:

Македонската Еспорт Федерација меѓу основачите на Европска Еспорт федерација

Влатко Зорба

Пике ќе игра против Реал Мадрид

Милвоки стигна до 50 победа во сезоната (ВИДЕО)