Ден

Русија: Дали народот е заинтересиран што ќе направи Путин

Во Русија со брзина на светлината се подготвува промена на уставот – Владимир Путин ги најави измените во средината на јануари, пишува Би-би-си.

Веќе следната недела пратениците ги усвоија амандманите. Демонстрантите тврдат дека измените ќе му овозможат на Путин да го задржи влијанието, а можеби дури и власта, дури и после 2024 година, кога му истекува претседателскиот мандат.

Но додека аналитичарите расправаат за неговите вистински намери, во местата недалеку од главниот град многу луѓе не се ни свесни што се случува – или пак, не ги интересира.

Дали Путин планира „Пегзит“?

Повеќето слушнале за социјалниот сегмент на обраќањето на Путин кон нацијата, како на пример најавата дека државата ќе им помогне на семејствата со ниски приходи. Но тие не обрнале многу внимание на уставните измени најавени подоцна во говорот.

Измените ќе донесат мала прераспределба на моќта меѓу претседателот, премиерот и парламентот, која нашироко се смета како прв чекор на Путин кон планирање на доживотен мандат од 2024 година – или „Пегзит“.

Повеќето граѓани го сметаат Путин за пристоен владетел, но истовремено наведуваат дека воопшто и не знаат кои се другите кандидати.

Путин не е единствената тема во градовите

Кога спикерот на локалниот парламент во рускиот град Переславл го спомнал обраќањето на Путин кон нацијата, еден пратеник гласно изјавил дека тој „дури не го ни слушал“.

„Порано редовно ги следев вестите, но деновиве најмногу се занимавам со тоа како да врзам крај со крај“, признава жителка на Переславл.

„Сè се случува забрзано, толку забрзано што јавното мислење е дезориентирано. Луѓето навистина не разбираат што се случува“, тврди Кирил Рогов од Фондацијата за либерална мисија.

Зошто Путин е неопределен

„Сите веруваат дека Путин ќе продолжи да учествува во политичките процеси и ќе задржи одредена контрола. Но, сè уште не знаеме во каква форма и како тоа точно ќе изгледа “, признава Рогов.

Забуната можеби е намерна: груб обид да остане на власт. Кога сте намерно неопределени, тогаш вашите критичари немаат за што точно да ве критикуваат.

Можеби ќе ве интересира:

Запленети 50 тони кокаин во операција на 26 земји

Над шест милиони заразени со коронавирус во светот

Продолжуваат протестите во Минеаполис по бруталното убиство на Флојд

Александар Тодески
×

Следете не