Ден

САД: 3,3 милиони луѓе добија отказ за една недела

Рекордни 3,3 милиони Американци се регистрираа за бенефиции за невработеност минатата недела, што е највисоко досега во историјата на САД без конкуренција.

Досега рекордот го држеше една недела во октомври 1982 година, кога за ист период беа отпуштени 695.000 луѓе. Бројката од 3,3 милиони невработени е една од многуте индикации дека кризата со коронавирусот ќе влијае на американската економија, за која Конгресот одобри вчера 2 трилиони долари.

Пред три недели, само 200.000 луѓе аплицираа за бенефиции за невработеност, што е најниско во историјата. „Њујорк Тајмс“ пишува дека шокантниот број отпуштања не ја покажува вистинската слика за ударот врз американската економија, бидејќи многу американски работници не можат да аплицираат за обештетување, а тоа се работници со скратено работно време, оние со многу ниски плати, самовработените и оние со договор на дело.

Аналитичарите очекуваат ова да биде само почеток, а следните бројки ќе бидат уште покатастрофални. Речиси сите држави воведоа делумни или тотални ограничувања на работата, поради што државата губи многу пари, па Доналд Трамп најави дека очекува да бидат укинати ограничувањата околу Велигден и повторно да се рестартира економијата, тврдење со кое здравствените експерти не се согласуваат. За прв пат по 50 години, администрацијата на Трамп ја намали бројката на невработеност под 4,0 проценти. До минатата недела, имаше нешто помалку од шест милиони невработени во САД, или 3,5 проценти, така што овие 3,3 милиони се зголемување за скоро 50 проценти.

Во моментов има повеќе од 70.000 заразени со коронавирус во САД и повеќе од илјада починати.

Можеби ќе ве интересира:

Франција го премина прагот од 3.000 смртни случаи од Ковид-19: Од нив 418 во последните 24 часа

Никола Поповски

Руски лекар и научник: Вирусите, во кои спаѓа и Ковид-19 мутираат многу брзо

Црна Гора: Нема излегување од 19 до 5 часот, за викендите уште построги мерки

×

Следете не