Connect with us

Забава

Сваровски и 50.000 светилки – поставена елката во Рокфелер центарот

Во Њујорк е поставена елката во Рокфелер центарот, но оваа година нејзиното осветлување беше доста поинакво од она на кое сме досега навикнати да го гледаме.

Секоја година околу центарот се собираат илјадници граѓани и туристи за во живо да го следат гламурозниот настан, но овојпат поради почитување на протоколот за заштита од зараза со коронавирусот, сето ова се набљудуваше оддалеку. Луѓето кои ќе сакаат да ја видат, мора да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на вирусот.

Овојпат на врвот на елката се најде божикна ѕвезда изработена от три милиони кристали Сваровски, а украсена е и со 50.000 лед-светилки во најразлични бои. Платото каде што е дрвото ќе биде физички одвоено од јавноста, а наместо тоа ќе има издвоени видиковци во центарот на Менхетен од двете страни на новогодишната елка.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement