Ден

Седумдесет и двајца новозаболени од коронавирус, 11 лица на механичка вентилација

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

Прес конференција на Венко Филипче

Во живо: Министерот за здравство, Венко Филипче, за состојбите со коронавирусот во земјава

Publiée par Den sur Dimanche 5 avril 2020

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 235
Куманово -114
Дебар – 49
Штип-19
Прилеп –33
Тетово – 29
Струга – 24
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци –2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 2
Радовиш -3
Крушево – 2
Кочани – 14

Можеби ќе ве интересира:

Полициски час од недела во 11 часот до вторник во 5 наутро

Во последен час се разговара за 58 часовниот викенд карантин

Александар Тодески

Чулев: Очекуваме зголемен број на мигранти со олабавувањето на мерките

×

Следете не