fbpx
Connect with us

Анализи

Секој градоначалник на Скопје си пренаменува по некој мост

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го запре и градењето на мостот кој требаше да ги поврзе општините Аеродром, Центар и Гази Баба, откако според неа, било откриено дека има голем број на спорови и дека за изградба на истиот ќе бидат потребни десет години.

Она што го привлече вниманието на јавноста е фактот што на почетокот на својот мандат, ексградоначалникот Петре Шилегов ја стопираше изградбата на панормаското тркало, нешто што стана модерен пешачки мост во центарот на градот, а сега истото го прави и Арсовска со проект од својот претходник, но таа тоа го нарекува „мост за ловење риба“.

„Ќе биде мост за ловење риба. Ќе биде нешто што нема никаков ефект и бенефит за граѓаните. Постапката за да се заврши тој мост ќе трае десетина години. Ние ќе почнеме да ги решаваме, но кога ќе ги решиме е прашање на време и не знаеме кога ќе се заврши. За тој потег се завршени само 18 предмети со исплата. Има 11 спорови меѓу граѓани кои треба меѓу себе да ги решат, а 25 се во подготовка, без согласност за цена и се во Влада. 44 предмети се за приватизација, а 16 за корисничко право“, рече Арсовска.

Во меѓувреме, на мостот кој требаше да биде наменет за панорамското тркало, се сместија трафики за продавачите на книги во центарот на Скопје.

Шилегов тогаш кажа дека ако не се поставеле објектите, „ЈСП Скопје“ ќе требало да плати ДДВ од околу 1,2 милиони евра.

„Бидејќи не се гради панорамското тркало, доколку не се постават таков вид на објекти тогаш „ЈСП Скопје“ ќе треба да плати ДДВ од околу 1,2 милиони евра, што е неоправдан трошок особено во време на пандемија. Тие објекти ќе бидат намените за продавачите на книги кои ќе ги дислоцираме од Плоштад Македонија, со што ќе им овозможиме да ја вршат својата дејност во затворени објекти“, рече Шилегов.

Во меѓувреме, не се знае ниту кога ќе биде прооден делот од кејот во Аеродром, каде што Арсовска ја прекина градбата на новиот мост, ситуација која можеше да се види и во центарот на Скопје кога се прекинуваа па довршуваа градежните објекти на мостот кој требаше да биде наменет за панорамското тркало.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement