Ден

Се врати астронаутката на НАСА која беше најдолго во вселената

Астронаутката на НАСА, Кристина Кох го собори рекордот и стана првата жена која извела најдолг поединечен вселенски лет.

Кох се врат на Земјата после 328 дена на Меѓународната вселенска станица со руски вселенски брод, кој со падобран се спушти во казанската степа, пренесуваат светските медиуми.

Нејзиниот рекорд е само 12 дена пократок од најдолгиот американски престој во вселената, кој го постави Скор Кели, останувајки на МВС од 2015 до 2016 година.

Пеги Витсон, која досега го држеше рекордот со 289 дена, и понатаму го чува рекордот кога е во прашање севкупното време кое една жена го поминала во вселената, а тој рекорд е „собран“ за време на три вселенски лета од 2002 до 2017 година.

Кох, инаку, учествуваше во првата потполно женска прошетка во вселената во октомври минатата година со земјачката Џесика Меир.

Двете поминаа два часа надвор од МВС, заменувајќи расипана единица за управување со напојувањето.

Од сите луѓе, најдолго во вселената останал Русинот, Валериј Пољаков, кој на советската, а подоцна и руска вселенска станица, останал 437 дена.

Можеби ќе ве интересира:

Грета и Малала се запознаа на Оксфорд (ФОТО)

Пејачката Дафи откри дека била силувана и држена како заложник

Сируп од млада коприва за прочистување на телото

Елена Даскалова