СЗО препорачува сите земји да произведуваат вакцини против ковид-19

Голем број држави низ светот имаат доволно капацитет за самите да произведуваат вакцини, но фармацевтските компании кои ги имаат патентите тешко го дозволуваат тоа – што е сосема разбирилво.

Но, според СЗО, овојпат не е време да се размислува на профитирање од ситуацијата, бидејќи тие сметаат дека ако досегашните производители ги „отворат“ своите патенти, многу земји ќе бидат во можност самите да произведат вакцина против ковид-19 и да се придонесе во масовната вакцинација на населението.

Оттаму додаваат дека откажувањето од овие патенти воопшто не значи загуба, бидејќи иноваторите ќе го добијат потребниот надомест. Единствена разлика ќе се постигне во брзината на имунизацијата, која е клучна во справување со здравствени кризи од вакви размери.

Наредната недела се навршува една година од прогласувањето пандемија. Дотогаш се сметаше дека владее епидемија само во одредени делови од земјата, но тестирањето и ширењето на вирусот придонесоа СЗО да декларира состојба на пандемија, што значи дека целиот свет е зафатен и е под закана од иста болест.

loading...