Ден

Скарони: Утописка е можноста клубот брзо да се врати на старата слава

Претседателот на Милан, Паоло Скарони, смета дека е утописка можноста клубот брзо да се врати на својата стара слава со оглед на кризата во последните години.

„Се надевав дека Купот на Италија ќе се игра во август за подобар рестарт. Два натпревари полни со адреналин веднаш по паузата се многу стресни за играчите. Компромисот конечно беше постигнат на 12 јуни и јас останувам оптимист. Во лигата сите едногласно гласавме за обновување на сезоната. Ние сме подготвени да играме што е можно поскоро. Засега, имаме доверба во Стефано Пиоли. Не знам дали ќе пристигне германскиот ментор. Иван Газидис ги носи решенијата. Јас дури и не знам кога тој разговара со други кандидати. Имаме верба во Пиоли и Паоло Малдини. Останувам фокусиран на планот „А“ за првенството, па се надевам дека нема потреба од план „Б“ или план „Ц“. Оваа дебата не ме возбудува многу“, вели Скарони.

Тој посочи дека во моментов е фокусиран на враќање и завршување на шампионатот на теренот. Сигурен сум, вели Скарони, дека ќе се ослободиме од коронавирусот релативно брзо.

Можеби ќе ве интересира:

Таткото на Ноле: Димитров е виновен за заразата

Надал: Не сакам да гледам натпревари без навивачи, ништо не може да ја замени нивната енергија

Арсенал во преговори со Обамејанг за да го задржи до 2023 година

×

Следете не