Ден

Словенија: Задолжителен карантин за сите патници кои доаѓаат од Македонија

Влада во Словенија донесе одлука сите оние кои доаѓаат од Северна Македонија задолжително да одат во 14 дневен карантин.

Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Северна Македонија или држава членка на Европската Унија.

„Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите они кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14 дневен карантин“, објави словенечкото МВР.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не