Connect with us

Дневно

Снема струја во зградата на МТВ на спратот за издавање на пасоши и лични карти

Гужва и нервози предизвика снемувањето на струја на првиот кат во зградата на МРТ, каде се издаваат готови лични карти и пасоши.

Полицискиот службеник со кратко појаснување – Има квар и не се знае кога ќе дојде струјата. Претходно, имаше кус обид за поправање на струјата, но и покрај тоа електрична енергија повторно снема за кратко, а мајсторот само крена раменици и влезе внатре, оставајќи ги граѓаните во ходникот.

Иако издавањето на лични карти оди полесно, бидејќи нема внесување во компјутер, сите лица кои го исполнија ходникот се дојдени за подигнување пасоши, откако претходно имаше застој во закажувањето за патни документи.

,,Кај нас се е на чекање”, ,,Нема брзо кај нас”, се само дел од коментарите на граѓаните кои во ред речиси еден час чекаат пред дрвената врата на првиот кат во МВР.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement