Ден

Совет од СЗО: Кога и како правилно да ги користите заштитните маски?

Многу луѓе ширум Азија носат маски за лице во обидот да се заштитат од „Ковид-19“. Во Европа и САД, тие се носат поретко, но многумина се прашуваат: Дали навистина треба да се носат за време на пандемијата?

Ројтерс известува дека советот на Светската здравствена организација е дека ако сте здрави, треба да носите маска само доколку:

-се грижите за некој за кој постои сомнение или потврдено е дека е заразен со Ковид-19, 

-ако кашлате или кивнете и се сомневате дека имате Ковид-19.

Маските функционираат со фаќање капки кои се наоѓаат во воздухот при кашлање, кивање и дишење, што значи ова се главните патеки за пренесување на новиот коронавирус.

Постојат два главни типови на маски: хируршки маски од ткаенина, кои се носат преку носот и устата, и оние што се прилагодуваат подобро на лицето, понекогаш наречени респиратори.

Подобрите прилагодени маски – како што е N95 – можат да понудат добра, но не и целосна заштита од заразни капки, додека напредниот модел – маските N99 – можат да обезбедат подобра заштита, иако поединци се пожалиле дека имаат потешкотии при дишењето. Оценката „N“ се однесува на процентот од честички од најмалку 0,3 микрони што маската е наменета да ги блокира: маските N95 спречуваат 95 проценти и N99 маските 99 проценти.

Маските се ефикасни само ако ги комбинирате со често миење на рацете и без допирање на лицето.

Секој што ја користи маската мора да биде сигурен дека темелно ги измиле рацете со сапун и вода или средство за чистење на рацете со алкохол.

Маската треба да ги покрие устата и носот и не треба да има празнина помеѓу лицето и маската.

Колку што е можно, избегнувајте допирање на маската.

Кога маската станува влажна, заменете ја со нова. Не употребувајте ја повторно истата маска. Таа е само за еднократна употреба.

„Носењето маска исто така може да ја намали тенденцијата на луѓето да го допрат лицето, што се случува многу пати во денот отколку што сфаќаме и е главен извор на инфекција без соодветната хигиена на рацете“, изјави Стивен Грифин, вонреден професор на Институтот за медицински истражувања на Универзитетот во Лидс.

Можеби ќе ве интересира:

Шведска: Доверба во граѓаните, наместо остри мерки за коронавирусот

Зошто лекарите сe почестo се разболуваат од коронавирусот?

Брнабиќ: Доколку е потребно, ќе воведеме уште поригорозни мерки

×

Следете не