Connect with us

Анализи

Со неисполнети ветувања и пораки за поддршка, Темелковски бара втор мандат во Кисела Вода

Скандали, незавшрени проекти, неисполнети предизборни ветувања се „грбот“ на дел од кандидатите кои вчера на прес конференција ги претстави лидерот на владејачката СДСМ и премиер, Зоран Заев, а кои од граѓаните ќе бараат нов градоначалнички мандат.

Помеѓу кандидатите се најдоа лица кои добиваа пофални зборови за својата работа, но и такви за кои мнозинството од граѓаните во општините би рекле дека „ги преспале мандатите“. Ден анализираше дел од кандидатите на владејачката партија, а кои во моментов ја извршуваат функцијата за која ќе бараат нов мандат.

Кисела Вода

Низа протести, негодувања и неисполнети ветувања од предизборната кампања се дел од работите за кои Филип Темелковски ќе треба да ги убеди жителите на Кисела Вода дека нема да се повторат доколку тие одлучат да му дадат доверба за нов четиригодишен мандат.

Темелковски се соочи со протести за дислокација на центарот за зависници, за кој во предизборната кампања во 2017 година ветуваше „креативни решенија“, за по силните реакции, министерството за здравство да одлучи зависниците терапија да земаат од клиники во нивните општинии, без градоначалникот целосно да го реши проблемот кој жителите на Кисела Вода кои живеат непосредно до центарот го имаат веќе со години.

Едно од ветувањата беше и мерни станици за квалитет на воздухот, за кои градоначалникот Темелковски во едно интервју посочи дека „се надева дека во 2019 година ќе ги обезбеди средствата бидејќи е битно да се знае колку е загадувањето во општината, како е и се останато“. До јули 2021 година, ова ветување не беше исполнето.

Не е решен ниту проблемот со хаосот во општината за паркинг места, посебно со фактот дека во мандатот на градоначалникот Темелковски се изградија многу згради, со што се зголемија и барањата за паркинг место повеќе. Тој не го исполни ниту ветувањето дека во „Расадник“ ќе се постави монтажна гаража, бидејќи се работи за простор исполнет со згради, а малку паркинг места, со што луѓето се приморани возилата да ги оставаат буквално на споредните улички до зградите.

Најголемиот проблем на граѓаните сепак ќе остане и проектот за 100 згради во „Расадник“, најголемата зелена површина во овој дел од општината, тој посочи дека и покрај зградите, ќе има голем процент на зеленило во овој дел на Кисела Вода. И покрај негодувањата, извесно е дека во овој зелен појас во општината ќе се случи бетонизација.

Според сознанијата до кои дојде Ден, во трката за кандидати за градоначалник на Кисела Вода освен Темелковски влегле и експратеничката Тања Томиќ, пратеникот Дарко Каевски, како и уште двајца кандидати. Сепак, членовите на СДСМ од Кисела Вода добивале пораки со кои се повикувале да ја дадат поддршката за Филип Темелковски, со цел во партијата да се даде слика дека членството од оваа општина дава поддршка за Темелковски, а не за нов кандидат.

Во наредниот период, Ден ќе продолжи со анализа за кандидатите од сите политички партии кои претендираат да ги водат општините во Македонија во наредните четири години.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement