Connect with us

Македонија

Со „скок“ од 11 места, Македонија најбезбедна земја на Западен Балкан

Институтот за економија и мир секоја година прави листа на најбезбедни земји, според глобалниот индекс за мир. Во новата публикација, рангирани се 163 независни земји, според повеќе критериуми кои можат да го подобрат или нарушат мирот, вклучително и социолошки, економски и политички аспекти.

Според овој Институт и светскиот индекс на мир, најбезбедна земја во светот и понатаму е Исланд.

Најнебезбедна е Авганистан, поради ситуацијата со преземање на државната власт од страна на Талибанците и повлекувањето на американските воени сили од територијата на земјата.

На Западен Балкан, ситуацијата е генерално подобра споредено со претходните години. Македонија е земја која на целосната листа имаше „скок“ од 11 места, а со тоа стана и најбезбедна земја на Западен Балкан, според рангирањата на овој институт. Помали, но значајни подобрувања имаат и Црна Гора и Босна и Херцеговина. Косово останува на истото место како и минатата година.

Србија падна за три места, а Албанија за две на листата на најбезбедни земји на светот.

Оваа година, рангирањето се одвива во пандемиски услови. Сепак, споредено со периодот пред 15 години, забележано е дека безбедноста е полоша денеска, отколку тогаш.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement