Ден

Со цел да се намали задолжувањето, Велика Британија ги забранува кредитните картички при обложување

Од 14 април во Велика Британија стапува во сила забраната за користење кредитни картички при обложување, со цел да се спречат луѓето премногу да се задолжуваат.

Комисијата за обложување денеска информираше дека забраната ќе се пренесува на сите онлајн и офлајн производи, освен грепки и лотарија, кои се продаваат на благајна. Според Комисијата, 22 отсто од лицата кои онлајн се обложуваат со помош на кредитни картички припаѓаат на групата „проблематични коцкари“.

Забраната следува по владината анализа на таа индустрија, почната во ноември, а со цел темелна реформа на онлајн обложувалниците. – Обложувањето со кредитни картички може да доведе до значителна парична штета. Забраната која денеска ја најавивме би требало да го минимизира ризикот за клиентите кои губат пари кои ги немаат, изјави Нил Мекартур, извршен диркетор на Комисијата за обложување.

Се проценува дека во Велика Британија има 24 милиони коцкари, од кои 10,5 се обложуваат онлајн, информираше Комисијата. Според официјални податоци, околу 800.000 Британци при обложување користат кредитна картичка.

Можеби ќе ве интересира:

Дрецун: Постои бугарски шпионски центар во Скопје, Бугарија да престане со идејата за враќање на Санстефанскиот договор

Никола Поповски

Трамп со говор против Грета Тунберг

Никола Поповски

Грчкиот парламент ја избра првата жена претседател

Никола Поповски