Ден

Спасовски: Ниеден верски лидер не е посилен од државата, за полицискиот час ќе одлучуваме денеска

До сега не само што се повикувавме туку ги носевме одлуките врз основа на предлозите на епидемиолозите. Политички одлуки не се решение на здравствените проблеми. Седницата денеска ќе биде во 17 часот и тогаш ќе одлучуваме за овој предлог, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски, додавајќи дека одлуката треба да се носи врз основа на науката, а не на политиката.

Тој му врати на реизот Сулејман Реџепи, кој најави дека нема да ги повика верниците да не одат во џамија, дека никој не е над државата.

„Од државата нема посилен никој, ни верски лидер ни институција. Државата ги носи одлуките и таа управува со системот во вакви ситуации. Воопшто ако некој мисли дека ќе врши притисок по разни основи, треба да знае дека нема да издејствува ништо. Ако носиме такви одлуки ќе имавме по две седници на ден. Ние сме одговорни и сериозни луѓе, и докажавме дека носиме одлуки исклучиво во интерес на граѓаните на земјата. Одлуката ќе ја носиме врз основа на анализите“, посочи Спасовски.

Можеби ќе ве интересира:

Полициски час од недела во 11 часот до вторник во 5 наутро

Во последен час се разговара за 58 часовниот викенд карантин

Александар Тодески

Чулев: Очекуваме зголемен број на мигранти со олабавувањето на мерките

×

Следете не