Ден

Спасовски: Одлуките на Мизрахи се поништени зашто се незаконски

Одлуките на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи се поништени зашто не се законски, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

Одлуките на Мизрахи, како што оцени Спасовски, не се повикуваат на ниту еден член од Законот, односно не е исполнет ниту еден услов за носење такви одлуки.

-Кога се носат незаконски одлуки, Владата има право да регира и да ги поништи таквите одлуки, без разлика за кој министер или за која одлука станува збор, истакна премиерот, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на новата операциска сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Владата на вчерашната седница во Штип донесе одлука за поништување на одлуките Мизрахи за разрешување вршители на должност и именување в.д. директори во јавните установи – меѓуопштински центри за социјална работа во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш со образложение дека се спротивни на законот.

Можеби ќе ве интересира:

Сто и еден новозаразен од коронавирус, само во Скопје нови 59 случаи

Александар Тодески

Таравари: Имаме поголема смртност од Албанија, Косово, Грција и Црна Гора заедно

Милошоски: Справување со коронавирусот па датум за избори

Александар Тодески
×

Следете не