Ден

Спасовски: Превземени се одредени чекори за да се заштити статусот на Охрид во УНЕСКО

Премиерот Оливер Спасовски денеска во Охрид порача дека се направени конкретни исчекори за да се заштити статусот на Охрид во УНЕСКО.

Во изјава дадена пред почетокот на владината сдница, Спасовски рече дека она што е важно е да се реализираат сите преземени обврски од страна на локалната смаоуправа и централната власт.

– Во изминатите 11 години не се преземаше ништо, дури и не беше помислено дека мора да се преземат одредени чекори за да се заштити статусот на Охрид во УНЕСКО. Сега се направени конкретни исчекори, она што е важно е да се реализираат сите обврски што сме си ги задале и на локалната самоуправа и централната власт, за да се реализира она што се очекува, рече Спасовски.

За процесот на контрола на урбанизацијата во Охрид и на крајбрежјето, Спасовски рече дека легислативата е јасна и оти проверката ќе продолжи со цел да се детектираат сите нелегални градби и да се преземат соодветни чекори.

– За Старото градско јадро и за крајбрежниот појас надлежен е Државниот инспекторат за урбанизам. Во останатиот дел е надлежен Општинскиот инспекторат и тие се должни да постапуваат. Се што се презема е на добробит на граѓаните, се што не се презема, се знае дека е престап. Затоа денеска остваривме работна средба на општинската администрација и Државниот инспекторат, за да бидеме ефикасни за стопирање на дивоградбите односно нивно уривање. Направен е увид кај некои градби, проверката ќе продолжи, со цел детектирање на сите нелегални градби и врз основа на тоа ќе се преземаат следните чекори, односно да се пристапи кон нивно уривање, рече Спасовски пред почетокот на владината седница во Охрид.

Можеби ќе ве интересира:

Седум новозаразени во Куманово, Димитриевски бара маркетите да работат за онлјан нарачки

Кризен штаб: Донаторите да ги пренасочат своите донации за здравството

Состојбата во Дебар и Центар Жупа стабилна, влез дозволен само за жителите

×

Следете не