Ден

Србија останува со истите претставнички и за Евровизија 2021, но ќе се смени едно нешто

Откако беше објавена веста дека Евровизија 2020 се одложува за следната година, соседна Србија брзо реагираше со одлука Hurricane да останат претставнички.

Единствено, тие ќе треба да ја променат песната, бидејќи „Hasta la Vista“ нема да може да се натпреварува.

Оваа одлука може да биде променета доколку самите изведувачки решат да се повлечат од натпреварот или пак, ако во меѓувреме го променат составот.

Оваа година Македонија требаше да биде претставена од пејачот Васил Гарваниев, со песната „YOU“, но останува да видиме дали тој ќе се согласи да ја претставува нашата држава во 2021 на овој голем европски фестивал.

Можеби ќе ве интересира:

Бидете одговорни: Пандемијата уште не е готова

Шопинг во време на пандемија: Како да тестирате парфеми безбедно?

Како да исчистите пегла која загорела?

×

Следете не