Ден

ССМ: Честитка од Ангеловска за 1-ви мај, допринесува да се зголеми невработеноста

Сојузот на синдикатите на Македонија и се „заблагодарува“ на министерката за финансии г-ѓа Нина Ангеловска, што во целост ги поддржува и применува мерките од „газдите“ и допринесува  да се зголеми бројот на невработени во Република Северна Македонија, како честитка по повод претстојниот 1- ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.

ССМ реагира на изјавите на Министерката за финансии по однос на давање можност на компаниите кои користат финансиска помош да можат да го намалат бројот на вработените како и за донесената Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците арпил и мај 2020 година донесена на седница на Владата одржана на 28 април 2020 година.

„Сојузот на синдикатите на Македонија ги потсетува Министерството за финансии и Владата дека давање на финансиска поддршка која на крајот на денот ќе се враќа од парите на работниците и преку даноците на граѓаните не смее да овозможува намалување на број на вработени односно Државата да го финансира отпуштањето на работниците под притисок на работодавачите. Во овие моменти кои се исклучкително тешки за македонските работници, Владата ниту пак Министерството за финансии не смеат да носат Уреби по нарачка и притисок од работодавачите, коморите и сл., а се на штета и на грбот на работниците. Овозможувањето на работодавачите со Државни пари да си поигруваат со  судбините на работниците и нивните семејства, мора веднаш да запре“, велат од ССМ.

Од тие причини, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, бара итна средба со министерката Ангеловска, за надминување на оваа, за нас работниците, погубна Уредба.

„Однапред нека ни е честит 1-ви Мај Меѓународниот ден на трудот“, велат од ССМ.

Можеби ќе ве интересира:

МТСП: Парична помош за сите невработени кои имале прекин на работен однос во периодот од 11 март до 30 април

Александар Тодески

Владата одлучи државата да се задолжи со нова еврообврзница

Александар Тодески

Ангеловска: Новите мерки се дизајнирани да го поддржат македонското производство

×

Следете не