Стадионот на Реал Мадрид ќе биде целосно реконструиран во 2022 година

Градежните работи за реновирање, реконструкција и трансформација на „Сантијаго Бернабеу“ во најмодерен стадион се одвиваат со задоволително темпо и се очекува да завршат следната есен.

Иако сè уште не е завршена ниту половина од работата на реконструкцијата на стадионот, во Реал Мадрид се убедени дека „Сантијаго Бернабеу“ ќе добие целосно нов лик до септември 2022 година.

Како што објавија шпанските медиуми, на реконструкцијата на „Бернабеу“ секојдневно се ангажирани над 700 работници, кои вложуваат максимални напори во предвидениот рок да ја завршат реконструкцијата на стадионот.

Целта на раководството на „Кралскиот клуб“ е да се обезбеди присуство на публика на стадионот до септември оваа година, бидејќи предвидувањата на УЕФА се дека фудбалските натпревари во Европа од следната сезона ќе се играат пред публика.

Реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“ се очекува да го чини Реал Мадрид околу 400 милиони евра.

loading...

Останати вести

Николов: Штипјани ќе имаат европски, отворен и безбеден град

admin

Русите понудиле вакцини против Ковид-19 на владата, но не добиле одговор

admin

Бугарска пратеничка: На светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука

admin