Стигнува втората пратка вакцини од Србија

Министрите за здравство на Македонија и Србија, Венко Филипче и Златибор Лончар ќе се сретнат на граничниот премин Табановце, каде ќе биде предаден вториот дел од донацијата на фајзеровите вакцини.

Првата пратка од 4.680 дози пристигнаа пред десет дена, а кога српскиот претседател Александар Вучиќ му ги предаде дозите на премиерот Зоран Заев на истиот граничен премин.

Со фајзеровата вакцина почна и имунизацијата во Македонија. Првите дози ги примија здравствените работници, а откако официјално во земјава ќе пристигнат и дозите кои владата ги нарача, ќе се почне со вакцинација на населението. Први на листата се лицата над 70 години и лицата кои имаат хронични болести.

loading...

Останати вести

Повторно силен земјотрес во Петриње

admin

Уапсени 4 лица, биле затекнати во претходно затворен угостителски објект

admin

ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти и свртен грб на обраќањето на Пендаровски

admin