Стојанче Ангелов можен кандидат за градоначалник на Аеродром?

Помеѓу 30-те имиња кои лидерот на владејачката СДСМ и премиер, Зоран Заев ги објави синоќа, не се најде и човекот кој ќе ја бара довербата на жителите на Аеродром, со образложение дека за општините за кои се уште не се објавени имиња, сѐ уште се прават анализи.

Како што неофицијално дознава Ден, за Аеродром освен актуелниот градоначалник Златко Марин, во партијата кандидатура поднеле и ексдиректорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, претседателката на Советот на општината, Ивана Цветковска, како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дејан Павлески.

Од партијата сепак одлучиле да го мерат и рејтингот на лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, кој пак најави дека на локалните избори останува во коалиција со СДСМ, наспроти ЛДП и ДОМ, кои ќе настапат во сопствена коалиција, како и ДС, од каде се уште немаат одлучено како ќе се претстават на изборите, дали во коалиција со СДСМ, со ЛДП и ДОМ, или пак самостојно.

Аеродром е една од општините за која најверојатно кандидатот ќе се знае на почетокот на идниот месец, заедно со неколку општини од внатрешноста каде сѐ уште се мери рејтингот на кандидатите.

loading...

Останати вести

Заев: Бараме соодветни простории за Антикорупциска

admin

Полицијата казнила 243 возачи во Скопје

admin

Изречена првата доживотна пресуда во Прилеп и прилепско

Elena Daskalova