Ден

Судбината на ТНТ, Монструм, Титаник и Талир во рацете на Судскиот совет

Судбината на четири судски постапки кои беа започнати од страна на Специјалното јавно обвинителство е во рацете на Судскиот совет кој мора да одлучи дали поротничката Лилјана Ивановска Кочовска може да остане дел од судечкиот совет во предметите ТНТ, Титаник, Монструм и Талир.

Според законот за кривична постапка, доколку дојде до било каква промена на составот на судечкиот совет, судската постапка мора да започне од почеток. Сепак, постои можност Судскиот совет да ја остави поротничката во овие предмети иако нејзиниот мандат е истечен.

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев веќе побара од Судскиот совет, поротничката да не биде разрешена со цел судењата да не бидат вратени од почеток.

Спротивно на ова, адвокатите на обвинетите во овие предмети, излегоа со соопштение дека доколку поротничката се врати на наредните рочишта, ќе изврши кривично дело што е спротивно на она што го велат судските експерти.

Судскиот совет требаше да го разгледува мандатот на поротничката на седницата на 25 декември, но истата беше одложена од причина што немаше кворум.

Првиот предмет кој треба да се одржи по празниците, а во чиј судечки совет е поротничката Кочовска, е ТНТ, закажан за 13 јануари.

Можеби ќе ве интересира:

Почина 27 годишната родилка од Куманово заразена со коронавирус

Осумнаесет новозаболени од коронавирус, седум пациенти на механичка вентилација

ГАЛЕРИЈА: Како изгледа коронавирусот под микроскоп

×

Следете не