Ден

Судири во Индија заради новиот закон за државјанство: Најмалку 20 загинати во Њу Делхи (ВИДЕО)

Најмалку дваесет лица загинаа, а околу 190 се повредени во судирите на спротивставените групи демонстранти во Њу Делхи, за време на протестите поради законот за државјанство.

Како што јавуваат светските агенции, за време на дводневните протести загинале најмалку 20  лица, меѓу кои еден полицаец, а 189 се хоспитализирани во главниот град на Индија, од кои 15 се во критична состојба.

Насилствата се случија во северноисточниот дел на престолнината, само неколку километри од местото на кое американскиот претседател Доналд Трамп и индискиот премиер Нарендра Моди имаа состанок.

На улиците излегоа повеќе од илјада луѓе, полицијата употреби солзавец, но имаше проблем да ги растера насобраните лица кои фрлаа камења.

Протестите во Индија започнаа откако Парламентот во декември го одобри новиот закон за државјанстно, кој овозможува брзо стекнување државјанство за некои верски малцинства родени во странство, но не и за муслимани.

 

Можеби ќе ве интересира:

Кои се државите во кои нема ниту еден заболен од коронавирус?

Цените на нафтата повторно во пад

Трамп: Многу убав гест од Путин, помага во спасување на животите на Американците

×

Следете не