Connect with us

Анализи

Судски хаос – Се разрешуваат судии, предмети се враќаат од почеток

Триесетдневната пауза на рочиштата поради одморот на судиите почнува со целосен хаос, откако судскиот совет одлучи да разреши неколкумина судии и поротници.

Денеска на листата разрешени судии се најде и врховниот судија Стојанче Рибарев, судија од Штип, кој во 2016 година беше избран за Врховен судија во Одделот за граѓански дела. Разрешена и судијката од штипска Апелација, Сузана Здравева, како и уште еден судија.

Претходно судскиот совет го разреши судијата Горан Бошевски, кому кому му застаре случајот за бегалецот Никола Груевски за кинеските автопати, а случајот „Траекторија“, без Груевски почнува од почеток.

Од почеток ќе почне и најобемниот случај „Титаник“, како и случаите „Тендери“, „Талир 1“ и „Талир 2“ и „Топлик“, бидејќи Судскиот совет го разреши поротникот Митко Сандев кој наврши 60 години.

Случаите за висока корупција, кои сега се враќаат од почеток, се дел од извештаите за напредокот на Македонија кон Европската Унија, со нагласок дека истите мораат да добијат завршница, со што земјава би добила позитивна оцена за владеењето на правото.

Наспроти оваа препорака, најголемиот дел од случаите кои се однесуваат за висока корупција направена од претходната владејачката гарнитура се вратени од почеток, а само неколкумина ексфункционери добија затворски казни, односно целосна разврска на отворените случаи.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement