Сè уште е во жалост: 95-от роденден на кралицата без никаква формална прослава

На денешен ден во 1926 година, принцот Алберт и неговата сопруга ја добиле својата првородена ќерка Елизабета Александра Мери.Тогаш ретко кој помислувал дека ова девојче еден ден ќе стане кралица – монарх кој најдолго останал на британскиот трон.

Денеска таа полни 95 години, но нема да го прослави роденденот заедно со сите формалности, поради тоа што се случува во текот на двонеделната жалост, откако сопругот на кралицата почина на 99-годишна возраст на 9 април оваа година.

Чичкото на Елизабета, Едвард, бил крунисан крал кога решил да се повлече од тронот за да може да се ожени со љубовта на својот живот, која веќе двапати била разведена пред него. Тоа било недозволиво за британската монархија. Потоа, крал станува Алберт, кој по крунисувањето го зема името Џорџ Шести, а веднаш по него во линијата за наследство на тронот се ќерките принцези Елизабета и Маргарет.

Кралицата Елизабета Втора веќе 69 години е на британскиот трон. Со принцот Филип беше во брак 73 години. Тие имаат четири деца, принцот Чарлс, принцезата Ен, принцот Ендрју и принцот Едвард. Нејзин наследник е принцот Чарлс. Веднаш по него е принцот Вилијам, па неговите деца Џорџ, Шарлот и Луи, а потоа е принцот Хари, неговиот син Арчи и детето кое го очекуваат со Меган Маркл ова лето.

loading...

Останати вести

Живееме сè поскап живот – еве какви биле трошоците на Македонците во февруари

Elena Daskalova

Средношколците бараат законски измени, го прекинуваат бојкотот

admin

Денеска е Благовештение – Благовец

Elena Daskalova