Ден

Таткото на Ноле: Димитров е виновен за заразата

Таткото на Новак Ѓоковиќ, откако е потврдено дека неговиот син е позитивен на коронавирусот, без влакна на јазикот го обвини тенисерот Григор Димитров за хаосот во кој се најде неговото семејство.

Бугарскиот тенисер во неделата објави дека е позитивен на ковид-19 по што експресно беше откажано финалето на „Адриа тур“ во Задар. Веднаш потоа беше извршено тестирање на 22. тенисери, тренери и членови на организацијата, а тројца беа позитивни, Борна Чориќ, тренерот на Димитров и кондицискиот тренер на Ѓоковиќ.

Најпрво Ѓоковиќ одбиваше да се тестира, жестоко спротивставувајќи се на вакцините против коронавирус, но откако се тестираа и тој и неговата сопруга, добија позитивни резултати. Сепак, ваквата реакција наиде на остри критики од страна на светската тенисерска јавност.

Неговиот татко Срѓан смета дека единствен виновник за ова е токму бугарскиот тенисер:

– На никого не му е сеедно, па ниту на Новак за тоа што се случи. Новак се чувствува очајно. Но, тоа е што е, и од ова мора да излеземе посилни, да сфатиме дека ова мора да помине и на некој начин сите да се заштитиме. Но, зошто се случи ова? Бидејќи Димитров најверојатно дојде болен од којзнае каде… Не се тестираше во Белград, Задар, туку на некое друго место… Мислам дека тоа не е во ред. Ни нанесе голема штета на нас како семејство, но и на Србија и на Хрватска – рече Срѓан Ѓоковиќ во интервјуто за хрватската телевизија РТЛ.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не