Ден

Тачи: Молкот на меѓународната заедница и дава простор на Србија да го негира геноцидот на Косово

Претседателот на Косово Хашим Тачи побара денеска правда за сите масакри што се случија во војната од 1998-99 година и порача дека, „порано или подоцна, Србија ќе одговара за геноцидот и етничкото чистење што го изврши во Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На чествувањето на жртвите од масакрот врз 45 цивили Албанци во селото Рачак, што се случи на денешен ден 1999 година, Тачи побара од меѓународната заедница „да не молчи за злосторствата против човештвото“.

– Нивниот избор да молчат ѝ даваат простор на Србија да го негира геноцидот, иако никој на светот не може да ги негира тие злосторства против човештвото, изјави Тачи.

Претседателот на Албанија, Илир Мета, кој го посети меморијалниот центар во Рачак заедно со Тачи, порача дека секое негирање на масакрот од пред 20 години претставува „опасност од рециклирање на злосторствата во регионот“.

Меморијалниот центар во Рачак денеска го посети и поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Косово Вилијам Вокер, кој прв го посети селото на денот на масакрот и го објави извештајот за убиството на цивилите Албанци, оценувајќи го како злостортство против човештвото. Тоа беше повод за интерценцијата на НАТО против српски цели во Косово и Србија, по што во јули 1999 година беше потпишан Кумановскиот договор, со кој српските воени и полициски сили се повлекоа од Косово и се воспостави меѓународната воена мисија КФОР, која е и натаму присутна во земјата.

Почести за жртвите во Рачак денеска одадоа и премиерот во оставка Рамуш Харадинај, лидерите на најголемите партии на Албанците во Косово, Албин, Курти, Иса Мустафа, Кадри Весели, Фатмир Лима, претставници на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и на други државни институции и други личности од јавниот живот во Косово.

Можеби ќе ве интересира:

Нов земјотрес со јачина од 5,1 степени ја погоди Турција

Никола Поповски

РАИ 3: Албанија е Колумбија на Балканот; Рама: Тие немаат никаква врска со реалноста

Никола Поповски

Дејли Стар: Организаторот на убиството на генералот Сулејмани загинал во Авганистан?

Никола Поповски