Ден

Тежок почеток на европскиот Зелен договор

Предлог-законот на Европската комисија за намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина и достигнување на јаглеродна неутралност до 2050 година, веднаш наиде на критики од зелените активисти како недоволно амбициозен план, додека се поставува прашањето на единство во Европската унија потребно за предлогот да стане закон, пренесуваат светските медиуми.

Основи на Зелениот договор

Европската комисија во средата ги објави плановите за својот прв климатски закон како основи на Зелениот договор на Европската унија, чија цел е Унијата да биде климатски неутрална до 2050 година, пишува „Асошиејтед Прес“, укажувајќи дека Комисијата сака намалувањето на емисиите на гасовите со ефект на стаклена градина на нула до средината на векот да биде неповратно и правно обврзувачко.

Во нацрт-предлогот, Европската комисија предлага механизам за редовно зголемување на целите на ЕУ за намалување на емисиите во текот на следните три децении, но не и план да се зголемат целите во намалувањето на емисиите до 2030 година, што наиде на критики од климатските активисти , кои тврдат дека одложување на поамбициозната цел го поткопува кредибилитетот на ЕУ во борбата против климатските промени.

Комисијата, посочува АП, во нацртот навела само дека до септември ќе ја преиспита сегашната цел на ЕУ за намалување на гасовите со ефект на стаклена градина од 40 отсто и ќе ја испита можноста за новата цел до 2030 година да се намалат емисиите за 50 до 55 отсто во однос на нивоата од 1990 година.

Компас или предавање

Иако предложениот закон за зелен раст во Брисел се смета за предизвикувач на економската револуција која ќе ја направи Европа одржлива и ќе ги исполни целите на Парискиот климатски договор, активистката Грета Тунберг рече дека тоа е „предавање“ пред заканата на климатските промени, наведува агенцијата Франс Прес.

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјави дека предлогот ќе биде компас на ЕУ во текот на следните 30 години кој ќе доведе до модел на одржлив раст и ќе ги инспирира другите. Но, според АФП, 17-годишната активистка ја обвини Европа дека лажно се претставува како лидер и заштитник на животната средина.

ЕУ мора да престане „да се преправа дека може да биде климатски водич а да продолжи да гради и субвенционира нови инфраструктури за фосилни горива“, рече Тунберг во Европскиот парламент, каде на покана на Фон дер Лејен присуствуваше на состанокот на високи претставници на ЕУ кои го одобрија предлогот.

Политички изводлив план

Европските земји се поделени околу Зелениот договор, бидејќи земји како Полска, кои се повеќе зависни од јагленот, бараа подолга временска рамка и општа цел за Унијата во целина, посочува „Њујорк Тајмс“.

Од друга страна, 12 земји членки на ЕУ, меѓу кои Франција, Холандија, Шпанија и Шведска, во вторникот објавија писмо во кое бараат 2030 година што поскоро да биде поставена како климатска цел, во пресрет на самитот со Кина во септември и климатскиот состанок на ОН во ноември.

Европската комисија предложи рок од септември 2020 година за да се процени влијанието на потенцијалното намалување на емисиите за 55 отсто, па дури потоа да се изготви план како да се оствари тоа, посочува весникот.

Додека Европа не биде подготвена…

Предлогот можеби ќе треба да се смета за привремена мерка додека Европа не биде подготвена за посилно дејствување, посочува анализа на „Ројтерс“.

Можеби ќе ве интересира:

Кина: Навремено го информиравме СЗО за коронавирусот

Александар Тодески

Нов Зеланд одлучи да ја укине мерката за физичка дистанца

Александар Тодески

Папата Франциск ги осуди расизмот и насилството во САД

Александар Тодески
×

Следете не