Ден

Трамп им се закани на демонстрантите дека ќе ја испрати војската против нив

Претседателот на САД, Доналд Трамп, по седмата ноќ насилни протести во земјата поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, побара од гувернерите поостар пристап и се закани дека ќе ја испрати војската против демонстрантите.

Во говорот одржан пред Белата куќа, претседателот Трамп изјави дека безредијата и грабежите се акт на внатрешен терор и доколку засегнатите градови и сојузни држави не ги преземат нужните мерки, тој ќе ја ангажира војската.

Трамп се закани со акција на „илјадници тешко вооружени војници и полицајци” во главниот град Вашингтон, заради ставање крај на „насилствата, пљачкањето, вандализмот, нападите и бесправното уништување на приватна сопственост”. Според Трамп, избувнувањето насилство на протестите во Вашингтон претставува тотален срам.

Соработник во Министерството за одбрана, кој е во тек со настаните, кој според информација на новинската агенција Ројтерс побарал да остане анонимен, изјавил дека се мобилизирани околу 1200 припадници на Националната гарда за главниот град, а дополнителни 600 до 800 се во состојба на готовост во ноќните часови.

За време на обраќањето на Трамп, пренесувано во живо преку американските телевизии, камерите прикажаа како на улиците наспроти Белата куќа во Лафајет паркот полицајците употребуваат солзавец против мирните демонстранти. Освен тоа, коњичката полиција се обидуваше да ги растури насобраните граѓани. Непосредно по својот говор, претседателот Трамп ја посети црквата во близина на Белата куќа, оштетена во протестите проследени со безредија претходната ноќ.

Можеби ќе ве интересира:

Вакцината за коронавирус ќе се дава во две дози, велат научниците

Александар Тодески

Минеаполис: Расформирање на полицијата – Се спрема нов модел на јавна безбедност

Александар Тодески

Тропската бура Кристобал ја погоди Луизијана

Александар Тодески
×

Следете не