Ден

Трамп: Нема да ја затвориме земјата ако има втор бран од коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека во случај на втор бран од коронавирсуот нема да воведе карантин и да ја затвори земјата.

„Имаме намера да го изгаснеме огнот, нема да ја затвораме земјата“ рече Трамп.

Во меѓувреме, дел од државите во САД кои презедоа рестриктивни мерки се во фаза на нивно олабавување.

Трамп претходно истакна дека епидемијата сè уште може да тлее на некои места, но дека вирусот ќе исчезне во текот на летото.

Сепак, според медицинските експерти, вклучително и оние од администрацијата на Трамп, ширењето на коронавирусот најверојатно ќе продолжи и во текот на есента и зимата, а борбата ќе стане уште потешка кога ќе започне сезоната на грип.

Директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести и член на кризниот штаб на Белата куќа за коронавирусот, Ентони Фаучи за „Вашингтон пост“ изјави дека нема сомнеж дека ќе има нов бран на епидемијата.

Можеби ќе ве интересира:

Полицијата со засилена контрола дали се носат маски

Во сабота завршува вонредната состојба, почнуваат да течат роковите за избори

Почнаа со работа кафулињата и рестораните под посебни протоколи

×

Следете не