Ден

Трамп: Потпишуваме договор со Талибанците, сакаме да ги вратиме нашите трупи дома

Претседателот Доналд Трамп потврди дека САД наскоро ќе го потпишат договорот со Талибанците и авганистанската влада, што би им овозможило на трупите да се повлечат од земјата.

Американските трупи скоро повеќе од 20 години учествуваат во војната во Авганистан.

Државниот секретар Мајк Помпео ќе замине во Катар, каде ќе биде сведок на потпишувањето на договорот со Талибанците во Доха, додека министерот за одбрана Марк Еспер „ќе даде заедничка изјава“ со владата во Кабул, објави Трамп.

„Ако Талибанците и авганистанската влада ги исполнат овие обврски, ние ќе имаме силен пат напред да ја завршиме војната во Авганистан и да ги донесеме своите трупи дома“, се вели во истиот.

Американскиот претседател ги опиша претстојните заложби како „важен чекор кон траен мир во нов Авганистан, ослободен од Ал Каеда, Исламска држава и која било друга терористичка група што сака да ни наштети“ и го повика народот во Авганистан „да ја искористи оваа можност за мир и нова иднина “.

Можеби ќе ве интересира:

Кои се државите во кои нема ниту еден заболен од коронавирус?

Цените на нафтата повторно во пад

Трамп: Многу убав гест од Путин, помага во спасување на животите на Американците

×

Следете не