Ден

Трајковски: Додека ми трае терапијата, не треба да учествувам на судските рочишта

Адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во случајот „ТНТ“ до судот достави лекарска документација за која тој побара да остане во тајност.

На прашањето на судијата до Трајковски дали е добар, тој одговори со „не сум добар“.

Трајковски наведе дека дошол сам во судницата, без полициска придружба, додавајќи дека не му стигнала покана.

Поранешниот градоначалник додаде дека додека му трае терапијата не треба да учествува на судските рочишта. Ова е препорака од неговиот лекар.

Во предметот „ТНТ”, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос” на Фијат Цаноски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми од СЈО.

Можеби ќе ве интересира:

Сугарески: Носиме Закон за на никој во иднина да не му текне да прави дивоградби

Влатко Зорба

ПССЕ: Намален притисок и гонење на новинарите во С.Македонија

Никола Поповски

Филипче за коронавирусот: Состојбата целосно е под контрола, нема регистрирано сомнителни случаи

Никола Поповски