Ден

Триесет и едногодишна жена се предозирала со апчиња

Триесет и едногодишна тиквешанка синоќа се затрула со апчиња, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

„Синоќа во 20:37 часот во СВР Велес е пријавено дека во Општа болница Кавадарци е донесено затруено женско лице кое испило повеќе таблети. Полициски службеници  од ОВР Кавадарци по извршени активности констатирале дека станува збор за 31. годишна жена, која се затрула со пиење на повеќе таблети во нејзиниот дом“, појаснуваат од МВР.

За случајот, како што додаваат од МВР, известен е јавен обвинител кој во моментов го разгледува случајот.

Можеби ќе ве интересира:

ФОТО: Пожар пеплоса магацин за авто делови во Радишани

Уапсено 41 лице за шетање на полициски час, 113 казни за неносење маска

Кривична пријава против скопјанец, набавувал преку фактури за непостоечка фирма

Александар Тодески
×

Следете не