Ден

Триесет и осум лица шетале на полициски час, маски не носеле 81 лице

Во текот на изминатото деноноќие (20/21.05) по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата држава 38 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.  Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се 81 прекршок. 

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на  210 лица им се издадени решенија за изолација, а седум лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што едно лице не ја почитувало мерката за изолација и самоизолација.

Можеби ќе ве интересира:

Полицијата со засилена контрола дали се носат маски

Во сабота завршува вонредната состојба, почнуваат да течат роковите за избори

Почнаа со работа кафулињата и рестораните под посебни протоколи

×

Следете не