Ден

Тропската бура Кристобал ја погоди Луизијана

Тропската бура Кристобал го погоди брегот на југоисточната американска држава Луизијана, објави американскиот Национален центар за урагани.

Невремето, кое со себе донесе ветер од 85 километри на час, се наоѓа на околу 80 километри југоисточно од Њу Орлеанс.

Центарот за урагани претходно соопшти дека прогнозира оти тропската бура ќе предизвика обилни дождови на потегот од источен Тексас до Флорида.

Гувернерот на Луизијана, држава која многу пати страдаше од урагани, прогласи вонредна состојба пред потенцијалниот удар на тропската бура.

Во некои предградија на Њу Орлеанс, властите повикаа на доброволно евакуација поради опасност од поплави.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не