Ден

Уапсено 41 лице за шетање на полициски час, 113 казни за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.05) по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата   држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се  41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. 

Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  113    прекршоци.  За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Можеби ќе ве интересира:

Полициски час од недела во 11 часот до вторник во 5 наутро

ФОТО: Пожар пеплоса магацин за авто делови во Радишани

Чулев: Очекуваме зголемен број на мигранти со олабавувањето на мерките

×

Следете не