Ужасно убиство во Струга: Сопругот ја убил жена си, па се обидел да се самоубие

Вчера во доцните вечерни часови, маж од Струга ја убил својата сопруга со неколку убоди од нож, а потоа се обидел да се самоубие.

Поради повредите, 34-годишната жена починала. Парот имал и деца.

– Во 19 часот и 15 минути (на 20 април) пријавено е дека во Струга, на улицата „Ристо Крле“ при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош, а Ј. Р. (1982) е повреден и е пренесен во Општата болница – Струга – потврдил портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

За овој фемицид е започната полициска истрага.

loading...

Останати вести

Според проценките на МВР, Мијалков се уште е во Македонија, приведено е едно лице поврзано со бегството

admin

Поминаа 35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Elena Daskalova

За три дена запленети близу 55 илјади пиротехнички средства

admin