Ден

Утрово сончево, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне од 22 до 30 степени, а УВ индексот 7, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладе со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.  Дневната температура ќе изнесува  28 степени.

УХМР најавува дека во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не