fbpx
Connect with us

Магазин

Уште неколку крипто-поими кои се важни да ги знаете (втор дел)

Крипто-пазарот е специфичен, за многу луѓе целосно непознат, а толку многу поими има, што некогаш е тешко да се најдат едноставни зборови за да бидат објаснети.

Ве потсетуваме на првиот дел од поимникот, а сега ќе се посветиме на уште неколку:

Halving (преполовување) – ова е еден од најважните настани поврзани со криптовалутите, бидејќи на овој начин се контролира количината на Биткоини кои циркулираат во мрежата. Се случува на речиси секои 210.000 изрударени блокови, за да се осигураме дека нема да порасне експоненцијално бројот на Биткоини во мрежата.

Fork (вилушка) – со овој збор се опишува одделувањето на различни валути во засебни проекти. Пример за тоа се Биткоин и неговата гранка Биткоин Кеш, која сега има и своја мрежа и конкурентна вредност.

Whales (китови) – зборуваме за големи инвеститори кои тргуваат со огромни количини на криптовалути. Тие се почитуван дел од крипто-општеството.

Stablecoin (стабилна валута) – се работи за дигитален токен или за криптовалута чија вредност е врзана со валути од традиционалниот финансиски систем.

Арбитражно тргување – акција при која купувате одредена сопственост и веднаш ја продавате истата на друг маркет, за да ја остварите разликата во профитот.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement