Ден

Федерер: Надал и Ѓоковиќ ќе освојат повеќе Гренд-слем титули од мене

Роџер Федерер често мора да одговара на прашања дали Рафаел Надал или Новак Ѓоковиќ ќе го подобрат неговиот рекорд за Гренд слем титули. Швајцарецот е сигурен дека тоа ќе се случи. И нема проблем со тоа да се биде на трето место.

„Како што се развиваат работите, Рафа и Новак ќе освојат повеќе, бидејќи тие се толку добри. Она што го направија повторно минатата сезона, покажа дека има уште ѓто да дадат“, рече Федерер во интервју за „Асошиејтед прес“.

Пред почетокот на Австралија опен, Роџер има 20 Гренд слем титули, Надал 19, а Ѓоковиќ е со 16. Минатата сезона Шпанецот, се најде на првото место во светот, а Србинот освои две титули од „големата четворка“. Новак триумфираше во Австралија, откако во финалето го совлада Рафа, а и сега се појавува како фаворит во Мелбурн.

Рекордот на Федерер се чинеше недостижен во една фаза. Тој го надгради претходното достигнување на Пит Сампрас, кој има 14 титули, пред една деценија. Швајцарецот многу добро се сеќава на тој момент.

„Тој беше пример за мене и на моменти се чувствував непријатно да ги кршам неговите рекорди. Јас ја немав таа цел, тоа едноставно се случи. Секако, знаев дека тоа е голем момент во нашиот спорт. Мислам дека тоа се моментите кога се сеќавате. Ако конечно, некој ме надмине, тоа е во ред, бидејќи така оди во спорт. Често се работи за бројки, за рекорди. Но, јас го имав својот момент и секогаш велев дека сè по 15-тата е бонус“, објаснува Роџер.

Надал и Ѓоковиќ не кријат дека имаат за цел достигнување на Федерер.

„Јас секогаш ја кажувам истата работа. Би сакал да имам најмногу победи, но не размислувам за тоа и не тренирам секој ден за таа цел“, рече Рафа.

Идеите на Новак се слични: „Сакам да продолжам да ја развивам мојата игра и да се држам во позиција што ќе ми овозможи да бидам на високо ниво и евентуално да имам шанса да се приближам до рекордот на Роџер“.

Последниот триумф на Федерер беше во Мелбурн во 2018 година. Тој има 38 години, а никој не освоил Гренд-слем титула на оваа возраст. Роџер не планира да замине во пензија, но времето е на страната на неговите ривали – Надал има 33, додека Ѓоковиќ е на 32.

„Ќе биде возбудливо да се види колку долго можат да продолжат. Колку повеќе можат да освојат? Тие можат да имаат неверојатни години. Тенисот минува низ златните години, без сомнение“, рече Федерер.

Друг фактор е новата генерација, која постепено се искачува на ранг-листата. Швајцарецот споменува некои имиња: Феликс Оже-Алиасим, Денис Шаповалов, Стефанос Циципас, кој го совлада во Австралија минатата година, Александар Зверев, Даниел Медведев и Карен Хачанов.

„Веќе има елитна група од десет, што е убаво. Не се само еден или двајца, за кои мислам дека се доста добри. Мислам дека работите се променија малку во последните 18 месеци. Тешко е да се предвиди кој ќе биде првиот, кој ќе стигне до голема титула“, рече Роџер, но е сигурен дека тоа ќе се случи.
Според него, еден ден некој ќе го пристигне и ќе започне да ги освојува Гренд-слем титулите на начин на кој никој досега не го сторил тоа.

„Toа ќе се случи. И, скоро и нема да биде тешко од некоја причина. Јас го чувствувам тоа, бидејќи играчите ќе бидат сведоци на она што го сторивме. Нема да виделе само еден тенисер кој го сторил тоа за 30 години, туку тројца за пократок период. Затоа, мислам дека ќе веруваат повеќе дека е можно. Подлогите исто така ќе го дозволата тоа“, додаде Федерер.

„Никогаш не замислував дека ќе освојам толку многу Слем титули. На почетокот на мојата кариера, се надевав на една. Кога на почетокот играв со Новак, мислев: Да, тој е добар. Може да освои титула“. За Рафа:„ Тој веројатно ќе ја освои Ролан Гарос. Можеби еднаш или неколку пати“. Но, да освои 12 пати? Да имаат серија без пез пораз на тврда подлога или земја од девет месеци? Не, рече тој.

Ждрепката за Австралија опен, кој започна во недела, ги стави Федерер и Ѓоковиќ во ист дел од шемата, што значи дека можат да се сретнат во полуфиналето.

Можеби ќе ве интересира:

Ѓоковиќ против Федерер во нов епски дуел на Австралија опен

Никола Поповски

Управата на Ливерпул со целосна поддршка за Клоп за повторниот натпревар со Шрусбери

Никола Поповски

Уапсени пет кошаркари поради местење на натпревари, тројца од нив се од поранешна Југославија?

Никола Поповски