Ден

ФЕРО ИНВЕСТ на Анѓушев: Неточна е информацијата поврзана со договор од 1,6 милиони евра со Министерството за одбрана

Друштвото ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев категорично ги отфрла ваквите наводи како невистинити и тендициозни, со цел нарушување на угледот и честа на компанијата и нејзините сопственици.

„Во текст објавен на 15.01.2020 со наслов ”1.600.000 евра: Шеќеринска и Анѓушев си поделиле милонска “”бонбона” за Нова Година”, во Вашиот медиум објавена е неточна и тендициозна информација поврзана со договор за јавна набавка со Министерство за одбрана и компанијата ЕДС и поврзаноста на Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев како сопственик на ЕДС. Уште од 2018 година компанијата ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев ги имаат продадено своите удели во компанијата ЕДС и предадено целосна контрола врз фирмата на новите сопственици во јавана и транспарентна постпапка за која беа запознаени медиумите и пошироката јавност. Повеќе од 1 година и 6 месеци Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев нема никаков удел ниту во работењето ниту во одлучувањето во компанијата ЕДС“, стои во реакцијата на ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје.

Според информациите, три дена пред заминувањето на Анѓушев од позицијата Вицепремиер задолжен за економски прашања, според податоците на Бирото за јавни набавки, поточно на 30 декември 2019 година, министерката за одбрана Радмила Шекеринска доделила тендер за едногодишна набавка на струја на Друштвото за трговија и услуги, Енерџи Деливери Солушн, ЕДС ДООЕл Скопје. Вредноста на тендерот е 1,6 милиони евра, а објаснувањето е дека таа фирма е избрана затоа што понудила најниска цена на струјата, за разлика од претходните 3 пријавени на тендерот.

Можеби ќе ве интересира:

Администраторот и креаторот на „Јавна соба“ во полициска станица

Stefanija Kuzmanovska

Дескоска: Обвинителите за висока корупција нема да имаат траен мандат

Александар Тодески

Османи во Брисел: Европските интеграции нудат можност за долгорочен и стабилен развој

Stefanija Kuzmanovska