Ден

Филипче: Пикот се очекува до крајот на април, до тогаш бројката ќе се движи во оваа насока

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција во владата посочи дека бројот на тестови е доволен и дека со алгоритмот до кој се придржуваат сите до сега, откривањето на случаи е одлично.

„Бројот на тестови е сосема доволен, ние имаме и количина на тестови кои стигнуваат во земјава. Се тестира пациент со симптоми и се пратат примарните комуникации, тоа е алгоритам на кој цврсто стојат епидемиолозите“, кажа Филипче.

Според министерот, денешната бројка на заболени е очекувана. Тој истакна дека пикот се очекува на крајот на април, а до тогаш се очекува бројката на заболени да се движи во оваа насока како до сега.

Тој посочи дека е рано да се цени дали драстично ќе се зголемува бројката на заболени од коронавирус, по денешната најголема бројка на заболени до сега.

„Мислам дека е премногу рано дека ова драстично зголемување ќе продолжи. Сепак ќе почекаме да видиме, може за ова да судиме и цениме при крајот на неделава, рече Филипче.

Тој кажа дека сите медицински лица кои се на стаж ќе им бидат продолжени договорите, согласно веќе догворотеното.

За респираторите од Кина, Филипче истакна дека се уште немаат конкретен одговор од Амбасадата дали ќе бидат доставени, но и дека веќе кажале дека е важно донацијата да биде доставена во земјава.

Можеби ќе ве интересира:

Рекордни 120 новозаразени од коронавирус, 67 од нив се од Скопје

Тачи: ИВЗ и Бујар Османи се единствените одговорни за ситуацијата со коронавирусот

Александар Тодески

Мицкоски призна дека седел во ресторан во Дебар Маало, вели дека не ги знаел протоколите

×

Следете не