Финансиската полиција истражува три банки за постапување слично на Еуростандард

Три банки се под лупата на Финансиската полиција, под сомнение дека работеле слично на Еуростандард банка. Разликата помеѓу нив и Еуростандард е во тоа што овие банки го искористиле заложното право, однсосно ги искористиле кредитит од самата банка за купување на акции за сопствени потреби на сопствениците на тие банки со парите на банките.

Овие истраги се отворени откако Финансиската полиција одлучила по случајот со банката на Трифун Костовски да провери и како работат останатите банки во Македонија, а истрагите ги откри самиот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми во интервју на ТВ 24.

„Веќе почнавме предистражна постапка за две-три банки кои постапувале на сличен, но не ист начин како Еруостандард банка“, изјави Муареми.

Во меѓувреме, се расплеткува мрежата околу Еуростандард. Според директорот на Финансиската полиција, откриле дека се работи за над 140 фирми кои се вмешани во сомнителните кредити, земани без покритие.

Помеѓу сопствеништвата во фирмите имало и високи функционери, но немало само фирми од Струмица, како што претходно тврдеше лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Од целата територија на земјата има фирми кои се дел од тие кредити без покритие и сме на добар пат да докажеме каде завршиле парите“, рече Муареми во интервјуто на ТВ24.

loading...

Останати вести

489 новозаразени и 26 починати од Ковид-19 во Македонија

admin

Бесими: Растот на бруто-инвестициите и јавната потрошувачка го ублажија падот на БДП во третиот квартал

admin

ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја урне владата преку интерпелација на министри

admin